Search

Предупредување од МВР: Ќе се уништува неексплодирана граната во Крушопек

Министерството за внатрешни работи  ги известува граѓаните,  особено жителите на селата Долен и Среден Крушопек, општина Сарај,  дека во 16.30 часот ќе биде извршено уништување на неексплодирана граната од минофрлач 120 мм. Гранатата беше пронајдена денеска во дол покрај патот помеѓу селата Долен и Среден Крушопек. Гранатата е активна и е без осигурувач на запалката. Поради тоа постои опасност за транспорт и гранатата ќе биде уништена на местото од Одделот за антитероризам.

Апелираме до граѓаните да се воздржат од движење на горенаведениот пат во наведеното време.

 

Треба да знаете
Последни објави