УЕФА повторно го казни Ајнтрахт поради навивачите

Радоста на навивачите на Ајнтрахт Франкфурт по победата над Бенфика во четвртфиналето на Лига Европа донесе на клубот казна од УЕФА. Овој пат „орлите” беа казнети со 34.500 евра, а причината е „обид за упад” – дел од фановите на се уште актуелните носители на Купот на Германија се симнаа од трибините и речиси стигнаа до теренот, но беа сопрени навреме, откако нивните миленици се квалификуваа за полуфиналето на турнирот.

Ова не е првиот прекршок на навивачите на Ајнтрахт во евротурнирите оваа сезона. Случките, кои донесоа санкции на клубот, веќе се претворија во навика, откако на гостувањето кај Интер фановите користеа пиротехника и стрелаа со „бомбички” врз противничкиот сектор. Како резултат на тоа, клубот беше казнет со 50.000 евра, а инциденти имаше и при посетата на Лацио.

УЕФА му наметна на Франкфурт условен период, кој првично беше две години, но потоа беше продолжен на три.

Треба да знаете
Последни објави