НБА го казни Тајрик Еванс за две години

Националната кошаркарска асоцијација (НБА) му ги одзеде натпреварувачките права на бекот на Индијана Пејсерс, Тајрик Еванс за две години, поади кршење на антидопинг правилата, објавија од Лигата.

Дваесет и девет годишниот Еванс има договор со Индијана до крајот на оваа сезона, а потоа станува слободен агент.

За време на регуларната сезона во НБА, Тајрик има 10,2 поени, 2,9 скока и 2,4 асистенции во просек по натпревар.

Треба да знаете
Последни објави