Search

Германски реакции на американските коментари: „Германија не е колонија на Вашингтон!“

Клаус Ернст, претседател на Комитетот за економски прашања и енергија во германскиот Бундестаг, изјави дека санкциитена  САД против руски и германски компании поради „Северен поток 2“ се неприфатливи, пренесува „Спутник“.

„Актуелните активности на американскиот амбасадор во Германија се едноставно неприфатливи, се чини како да сме колонија на САД”, рече тој, додавајќи дека Вашингтон сака да продава гас во Европа, па затоа се обидува да се одмазди за соработката меѓу Русија и ЕУ.

Ернст, исто така, истакна дека не постојат само економски, туку и еколошки проблеми со американскиот ЛНГ.

„Првиот проблем е течниот гас. Во Германија има дискусија дали фракирањето е прифатливо како метод за производство на гас во САД. Рускиот гас е поповолен за нас отколку течниот гас поради еколошки причини. И второ, гасот пд САД не е конкурентен со цената во споредба со рускиот гас”, рече тој.

Американскиот амбасадор во Германија, Ричард Гренел, претходно напиша писмо до група корпорации вклучени во „Северен поток 2“, заканувајќи се со санкции ако продолжат да учествуваат во проектот.

Проектот за енергетска инфраструктура вреден 11 милијарди американски долари, кој ќе биде финализиран кон крајот на следната година, е заедничко вложување на рускиот гигант „Газпром” и пет енергетски компании од Западна Европа – австриски ОМВ, германски „Унипер” и „Винтершел”, француски „Енги” и англо-холандската „Ројал дач шел“.

Треба да знаете
Последни објави