Search

Саудиското министерство за одбрана тврди дека Хутите го нападнале нафтоводот на „Арамко“ по наредба на Иран

Војниците на „Ансар Алах“, Хутите, го нападнаа нафтоводот на саудиската нафтена компанија, „Арамко“ по налог на Иран, тврди заменикот на саудискиот министер за одбрана, Калид бин Салман бин Абдулазиз ал Сауд, на својата официјална страница на Твитер, пренесува ТАСС.

„Нападот од милициите на Хутите, поддржани од Иран, врз двете пумпни станици на „Арамко“ докажува дека овие милиции се само алатка што иранскиот режим ја користи за спроведување на својата експанзивна агенда во регионот, а не да ги заштити луѓето во Јемен, како што тврдат Хутите,” напиша тој.

Заменик-министерот, исто така, истакна дека терористичките напади наредени од режимот во Техеран и спроведени од Хутите ја затегаат јамката околу тековните политички напори за решавање на конфликтот во Јемен.

Истовремено, саудискиот министер за надворешни работи, Адел бин Ахмед ал Џубеир, на својата официјална страница на Твитер напиша дека Хутите се неделив дел од иранската Револуционерна гарда ИРГЦ и оперираат по нивни наредби.

Во вторникот, саудискиот министер за енергетика, индустрија и минерални суровини, Калид ал-Фалих, рече дека беспилотните летала погодиле две пумпни станици на нафтоводот што се користел за испорака на нафта од нафтените узвори на истокот од кралството до пристаништето Јанбу на запад. Истовремено, тој нагласи дека екстракцијата на нафта не е запрена и немало жртви или повредени во нападот.

Според сирискиот телевизиски канал „Ал Масира”, нападот бил изведен од седум беспилотни летала управувани од  Хутите. Според извештаите, нападот започнал како одговор на агресијата на Саудиска Арабија против Јемен.

Нападот врз саудиските нафтени објекти беше осуден од Бахреин, Египет, Јордан, Кувајт, Обединетите Арапски Емирати, Арапската лига и Организацијата на исламската соработка.

Треба да знаете
Последни објави