Search

Автомобил излетал од пат, тешко повреден возач

Возач бил тешко повреден кога со автомобилот што го управувал излетал од пат, вчера на регионалниот пат село Јажинце-Тетово.

Според полицијата, сообраќајката се случила во 12 часот во селото Беловиште кога Б.Ј.(45) од селото Рогачево, управувајќи автомобил „пежо“ со тетовски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.

Б.Ј. се здобил со тешки повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничкиот центар Тетово, но поради сериозноста на повредите бил препратен во Градската општа болница „8-ми Септември“ во Скопје. Увид извршила екипа на СВР Тетово.

Треба да знаете
Последни објави