Search

ФОТО: Силниот ветер сруши дрво во центарот на Скопје

Силниот ветер предизвикан од невремето, скрши крошна од липа засадена во паркот Жена-борец, во центарот на Скопје, објави Нова Македонија. Крошната паднала врз двете коловозни ленти на улицата меѓу Градскиот трговски центар и Градската општа болница „8-ми Септември“. Во моментов, полицијата го регулира сообраќајот на тој дел од улицата, сè додека не се отстрани стеблото од коловозот.

фото: Нова Македонија

Треба да знаете
Последни објави