Search

Арсовски: Тевдовски денеска ги задолжува граѓаните за нови 49 милиони евра

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовсски изјави дека додека Зоран Заев си тера одмори, а другите министри од владата си тераат екскурзии на државен трошок, Тевдовски денеска ги задолжува граѓаните за нови 49 милиони евра, за само 5 месеци СДСМ ја задолжува државата и граѓаните за над 317 милиони евра.

-Ова е третина милијарда за само пет месеци. Очигледно нема пилот во авионот. Замислете, освен задолжувања и криминал ништо друго не работи оваа влада на СДСМ. Пробиена психолошката граница од над 5 милијарди, граѓаните секој ден се позадолжени за над 2 милиони евра. 2 милиони евра секој ден ново задолжување во просек директно од  Тевдовски и Зоран Заев. Наспроти тоа нема нови капиталните инвестиции, само 6% во првиот квартал, нема нови инвестиции, нема повисоки плати, нема повисоки пензии.  Нема ништо од ветувањата од економската политика од пред изборите. Наместо ГУГЛ и ФЕЈСБУК, од странски инвеститори останаа само бизнис партнерите во бизнисот со марихуана на Заеви, а за жал граѓаните тонат во сиромаштија. Очигледно е дека СДСМ не знае да ја управува државата. СДСМ со ваквите политики ја носат државата во провалија. Доказ за тоа е и оставката на почитуваниот нивен советник во финансии, Бранимир Јовановиќ кој на време препозна дека овој брод на СДСМ тоне и избега од министерството за финансии, нејќеше да им ги гледа маките. Самите кадри на СДСМ препознаваат дека Тевдовски и Заев не знаат што прават, рече Арсовски.

Според него, граѓаните се на раб на егзистенција, од една страна се задолжуваат државата и граѓаните, а од друга страна се покачуваат даноци, акцизи и сите останати режиски трошоци.

Апелираме, да прекине задолжувањето уште веднаш! Ова не смее да продолжи, се задолжуваат, а нема ниту еден реален проект. Подготвени се за метла и Тевдовски и Заев и целиот економски тим на Владата. Оваа Влада на СДСМ се покажа како најнеспособна до сега. Затоа, што побрзо си замине, толку подобро за граѓаните, рече Арсовски.

Треба да знаете
Последни објави