Сити ги отфрли обвинувањата за нарушување на финансискиот ферплеј

Манчестер Сити ги опиша обвиненијата од „Њујорк тајмс” како „лага” за наводно нарушување на финансискиот ферплеј. Ова е одговор на денешниот напис во американскиот медиум дека англискиот клуб може да биде исфрлен од Лигата на шампионите за следната сезона.

Во соопштението до медиумите, прес-службата на „граѓаните” вели дека клубот целосно соработува со истражители на УЕФА во однос на наводните нарушувања на правилата.

Шампионот на Англија додава дека тврдењата не се вистинити и целат да го уништат имиџот на тимот.вз

Треба да знаете
Последни објави