Search

Поранешниот судански претседател обвинет за убиство на демонстранти

Поранешниот судански претседател Омар ал-Башир е обвинет за убиство на демонстранти за време на протестите против режимот, кои доведоа до крај на неговото владеење, соопшти канцеларијата на  главниот обвинител Ал Валед Сајед Ахмед.

– Омар ал Башир и други беа обвинети за поттикнување и вмешаност во убиството на демонстрантите, се наведува во соопштението.

Обвиненијата против него доаѓаат по истрагата за смртта на еден лекар, кој беше убиен за време на протестите во главниот град.

– Главниот обвинител препорача да се забрза истрагата за убиството на демонстрантите, соопшти неговата канцеларија.

Треба да знаете
Последни објави