Search

Кина им возврати на САД со царини на американските производи

Кина воведе царини од 25 проценти за американски производи, вредни 60 милијарди долари.

Мерката доаѓа како одговор на потегот на претседателот на САД, Доналд Трамп, кој речиси двојно во петокот ги зголеми царините за кинески производи. Администрацијата исто така најави дека може да наметне дополнителни царини за 300 милијарди долари кинески производи.

Претходно денеска Кина навести дека ќе возврати со царини, на што Трамп жестоко реагираше, порачувајќи дека ќе станува сѐ полошо.

Треба да знаете
Последни објави