Search

(Видео) Новото тајно оружје на Американците има шест ножеви и поминува низ автомобили и ѕидови

САД во тајност развија ракета за изведување на прецизни напади врз терористите, не нанесувајќи им штета на цивилите кои се наоѓаат во близина на нападот, а според „Вол стрит џурнал“ ракетата веќе ја докажа својата употребна вредност во оваа област.

R9X е модифицирана верзија на противтенковската ракета „хелфаер“, а наместо експлозија, ракетата користи сирова сила за елиминирање на целта.

Она што го прави оружјето особено смртоносно е тоа што има шест долги ножеви кои се отвораат непосредно пред ударот, уништувајќи сè на патот кон целта.

Оваа нова ракета доби прекар – „летечкиот Гинсу”, според еден вид висококвалитетен готвачки нож, а бидејќи проектилот може да помине низ ѕидови и автомобили, наречен е „нинџа бомба”.

Развојот на тајната ракета започна во 2011 година како обид да се намали бројот на цивилни жртви во борбата против терористите, особено поради тоа што екстремистите често ги користеа цивилите како жив штит.

Американската армија ја користеше оваа ракета во операции во Либија, Ирак, Сирија, Јемен и Сомалија.

Треба да знаете
Последни објави