Search

Студент од Данска штрајкува со глад поради климатските промени

Деветнаесетгодишен студент од Данска почна штрајк со глад за да ги предупреди политичарите од неговата земја на неопходноста од носење на храбри климатски политики.

„Сакам политичарите во Данска да се разбудат и најпосле да направат нешто за климатските промени“, изјави Микел Брикс за германската агенција „ДПА“.

Нагласи дека ќе штрајкува до 5-ти јуни, кога се одржуваат парламентарните избори во Данска. Климатската криза предолго се игнорира, нагласи Брикс, но сега барем се зборува за тоа.

„Време е да подвлечеме вистински потези“, додаде Брикс кој последниот топол оброк го консумирал во понеделникот вечерта.

Анкетите покажаа дека климатските промени се главна грижа на данските избирачи на парламентарните, но и на изборите за европскиот парламент.

Треба да знаете
Последни објави