Шампионот во финале: Голден Стејт пресилен за Хјустон и без Дурант

Актуелниот шампион на НБА, Голден стејт вориорс се пласираше во финалето на Западната конференција откако славеше во Хјустон со 113:118 против Рокетс, за 4-2 во серијата, иако играше без Кевин Дурент.

По долго време најдобар кај гостите беше Стеф Кари, кој ги постигна сите свои 33 поени во второто полувреме. Клеј Томпсон додаде 27 поени и помогна на двократните шампиони да стигнат до финалето на конференцијата петта година по ред, елиминирајќи го Хјустон по четврти пат во последните пет сезони.

Со кош на Џејмс Харден „ракетите” го намалија заостатокот на 104:107 на 58.2 секунди пред сирената, но Томпсон реализира важна тројка при преостанати 36.1 секунди за 110:104 за Голден Стејт.

Харден заврши со 35 поени, а Крис Пол постигна 27 за Хјустон.

Треба да знаете
Последни објави