Search

Хип-хоп поетри слем во Скопје

Првиот македонски Хип хоп поетри слем на кој ќе настапуваат македонските хип-хоп артисти С. А. М., Нешо (Авторизација), Кацар, Мартикс, како и дел од рап-групата Клан Исток ќе се одржи во вторник (14 мај) со почеток во 19 часот, во Домот на градежници (спроти гимназијата „Јосип Броз“) во Скопје.

На истиот учество ќе земат и македонските слемери Елена Пренџова, Марија Грубор и Цвета Колева. Како дополнување, осмислен е и Open mic на кој заинтересираните кои сакаат да настапат можат да се пријават за учество на самиот ден.

Поетри слемот е уметнички перформанс на кој учесниците преку рецитал и игра со зборови експлицитно објаснуваат за одредена тема блиска до нивниот начин и стил на живот. Во хип-хоп круговите во САД и во некои европски земји овој перформанс е доведен до совршенство и често овие настани се дефинираат како израз на „вистинската хип-хоп култура“. Во нашата држава ова е прв поетри слем, и е во организација на неформалната организација Хип-хоп Македонија.

Влезот е бесплатен.

Треба да знаете
Последни објави