Search

Поради судири и насилства ширум светот внатрешно се раселени рекордни 41 милион луѓе

Поради судири, насилства и внатрешни тензии, денес ширум светот рекордни 41 милиони луѓе ги напуштиле своите домови и се раселени во рамките на своите држави, се наведува во извештај на Норвешкиот совет за бегалци.

Оваа организација, која е една од водечките во светот што се грижи за правата на бегалците, наведува дека во текот на 2018 година бројот на внатрешно раселени лица се зголемил за над два милиони во споредба со претходната година.

Центарот лани евидентирал над 28 нови внатрешно раселени лица, кои биле принудени да ги напуштат своите домови поради судири, насилства и природни катастрофи.

Само поради елементарни непогоди, лани биле раселени над 17 милиони лица, наведува Норвешкиот центар за бегалци.

Со извештајот се опфатени само внатрешно раселените лица, но не и оние кои ги напуштиле своите матични земји поради насилствата и судирите.

Треба да знаете
Последни објави