Search

ДИК: Водство на Пендаровски со 65,79, Силјановска 31,07 отсто

Според првичните резултати објавени на веб страницата на Државната изборна комисија од обработени 11,56 отсто од избирачките места, води претседателскиот кандидат на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски со 65,79 проценти, пред кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Гордана Силјановска Давкова со 31,07 отсто.

Одѕивот во вториот круг на претседателските избори до 18:30 часот изнесуваше 44,5 проценти.

Треба да знаете
Последни објави