Search

ЈП „Комунална хигиена”-Скопје со 35 работници на терен континуирано ја одржуваше хигиената на маршутата на големата трка од 42 км

За време на одржувањето на петнаесеттото јубилејно издание на спортската манифестација „Скопски Виз Ер маратон” ЈП „Комунална хигиена”-Скопје со 35 работници на терен континуирано ја одржуваше чистотата и хигиената на маршрутата на големата трка од 42 км, што се протегаше низ целиот град – од населбата Аеродром до населбата Хром. Континуирано чистење се одвиваше и во реонот на Градскиот плоштад и паркот „Жена борец”, на почетната точка на маратонската трка од пет километри.

По завршувањето на маратонот, екипите на ЈП „Комунална хигиена”-Скопје продолжија со активностите за комплетно отстранување на сите отпадоци, чистење и машинско миење на скопските булевари и улици. Од механизацијата се употребуваа три автоцистерни, три патарки, две пјаџа и четири метларки.

Треба да знаете
Последни објави