Search

Хант: Трошка надеж за договор со лабуристите за Брегзит

Министерот за надворешни работи на Велика Британија Џереми Хант денеска изјави дека постои „трошка надеж” дека неговата Конзервативна партија ќе постигне компромис за Брегзит со опозициската, Лабуристичка партија.

Сепак, тој не смета дека предлогот на лабуристите за царинска унија со ЕУ би бил долгорочно решение.

– Трошка надеж постои во тоа дека и гласачите од конзервативното јадро и гласачите од лабуристичкото јадро сакаат да заврши приказната за Брегзит и би биле многу лути на партиите за коигласале ако треба да спроведеме уште едни парламентарни избори пред да заврши Брегзит, рече Хант.

-Ако можеме да најдеме решение кое овозможува корист од царинската унија без вклучување во тековните аранжмани, тогаш мислам дека постои потенцијал за договор, заклучи британскиот дипломат.

Треба да знаете
Последни објави