Search

(Фото галерија):На „Визер скопскиот маратон“ трчаат рекордни 12.000 учесници од 58 држави

Рекордни 12.000 учесници од 58 држави трчаат на  „Визер скопски маратон“ кој почна во 8 и 30 часот.Оваа година за оваа манифестација Градот Скопје од својот буџет издвои 1.500.000 денари, а ги стави на располагање и сите јавни претпријатија под негова ингеренција.Почетници, рекреативци, професионалци, во исто време тргнаа маратонот, полумаратонот, штафениот маратон и трката на пет километри, која вообичаено е и најбројна.

Во маратонот со свои тимови учествуваат и јавни претпријатија и приватни фирми, а некои трчаат за хуманитарни кампањи, како тимовите на клиниките за пластична хирургија и за хематологија, како и на Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со предизвици“.

фото: Слободан Ѓуриќ

Треба да знаете
Последни објави