Search

Санација на свлечишта во општина Крива Паланка

 Во општина Крива Паланка деновиве интензивно се работи на санирање  свлечишта и изградба на потпорни стени на повеќе локации во неколку населби во градскиот и приградски реон.
-Службите од комунална и сообраќајна инфраструктура работат на повеќе локации на улиците: “Баглачка„ , „Никола Тесла,”, „Ратко Минев”, „Калин Камен” и улица „Панче Пешев”. Во моментот се  работи на испитување на носивоста на теренот со правење бушотини за дефинирање на типот на подлога и нејзината носивост, со што би се определиле видот на конструкцијата на носивите ѕидови и  техничко решение за истите, за изработка на техничка документација за потпорни стени на сите наведени локации, информира службата за комуникација со јавност при општината.
Оттаму посочуваат дека се работи на увид на теренот и испитување на можноста за пробивање на крак од улицата „Баглачка” и покрај постоечкиот дол до околните станбени објекти-куќи со што би се овозможил соодветен пристап на месното население до нивните домови.
Треба да знаете
Последни објави