Search

Дебарските каратисти триумфираа на државното првенство во Кавадарци

Карате клубот „Уранику” во Дебар се врати со триумф од државното карате првенство, што денеска се одржа во спортската сала „Јасмин” во Кавадарци.

Четворица негови членови успеаја да се закитат со медал со што се здобија со правото да бидат дел од македонската карате репрезентација на Балканското првенство што ќе се одржи во Бања Лука, Босна и Херцеговина, од 30 мај до трети јуни.

– Очекувањата се остварија. Посебно сум горд што покажаа висок квалитет. Наште каратисти Рион Пашоли и Сара Дука станаа шампиони, освојувајќи златен медал, додека Вениса Думани и Азиз Рамадани освоија сребрен медал. Тие настапја во борби поединечно. Сите ќе учествуваат на Балканското првенство што ќе се одржи во Бања Лука, изјави за МИА тренерот Дурим Пачуку, кој не го крие задоволството од големиот успех на каратистите.

Ова е само последователен успех на дебарските каратисти, кои редовно, од сите натпревари каде и да учествуваат, се враќаат со одлични резултати.

Освен Балканското првенство во карате, друг предизвик е SERIE A што ќе се 15-ти мај во Истанбул, Турција. Дел од македонската карате репрезентација е најдобриот член на КК „Уранику” Ардит Марку, кој на Балканското првенство минатата година го освои третото место.

Овој карате настан овозможува собирање поени за Олимписките игри во Токио 2020 година.

Треба да знаете
Последни објави