Search

Газа испали десетици ракети кон Израел

Милитанти од Газа денеска испалија десетици ракети на територија на Израел. Населението што живее околу границата утрово се разбуди со аларм за тревога.

Израелската војска возврати со воздушни напади во кои загинал еден Палестинец. На официјалниот профил на „Твитер“ на израелските одбранбени сили е објавено дека на територија на Израел е извршено интензивно артилериско бомбардирање.

„Палестинските милитанти испалиле повеќе од 90 ракети врз израелски села и градови, по што Израел покрена воздушни и тенковски напади врз Газа“, соопшти војската.

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, свика вонреден состанок за безбедносната состојба во земјата

Треба да знаете
Последни објави