Search

Во Струмица одбележана годишнината од загинувањето на Гоце Делчев

Пред споменикот во Струмица денес беше одбележана 116 годишнината од загинувањето на апостолот на македонското револуционерно движење, Гоце Делчев.

За неговиот животен и револуционерен пат зборуваше градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.

-Во спомен на тој злокобен ден, а во чест на најголемиот македонски син, еве сме повторно собрани на струмичкиот плоштад кој го носи името „Гоце Делчев”, еве сме пред еден од најубавите споменици на Делчев во нашава земја, кој е подигнат пред повеќе од четири децении. Тука сме, по кој знае кој пат да му се поклониме на македонскиот великан, да си спомнеме за неговиот живот и дело и да му се заблагодариме за се што стори за нас и за нашата татковина. Тоа Гоце Делчев го заслужува, како ниеден друг лик од македонската историја, истакна градоначалникот Јаневски.

Присутните положија свежо цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев, а рецитатори од Домот за деца и млади „Благој Мучето” од Струмица читаа револуционерна поезија.

Треба да знаете
Последни објави