Search

Во ДКП-то во Белград до 12 часот гласале 20 проценти од пројавените избирачи

Излезноста до 12 часот денеска во дипломатско конзуларното претставнишво во Белград е 20 проценти од пријавените 60 граѓани, запишани во посебниот извод на избирачкиот список во Амбасадата на Северна Македонија во Белград.

-Гласањето за претседател на Р.Северна Македонија на избирачкото место 5025 во ДКП Белград почна во 7 часот и ќе трае до 19 часот кога се затвара гласачкото место, гласањето се одвива без никакви проблеми, изјави в.д амбасадорот Александар Поповски, претседател на Избирачки одбор на ИМ 5025 во во Белград.

Во првиот круг на овие претседателски избори, во амбасадата во Белград своето гласачко право го остварија 32 лица или вкупно гласале 53,33 отсто од запишаните гласачи.

Пред пет години во Белград гласаа 241 граѓанин.

Треба да знаете
Последни објави