Search

Амстердам ги забрани возилата и мотоциклите на бензин и дизел до 2030 година

Автомобилите и мотоциклите кои користат бензин и дизел ќе бидат забранети во Амстердам до 2030 година со цел прочистување на воздухот во градот. Советничката за сообраќај на Амстердам, Шерон Дијксма, рекла дека загадувањето често е тивок убиец и еден од најопасните фактори по здравјето во главниот град на Холандија.

Загадувањето во Холандија, наспроти тоа што голем број Холанѓани возат велосипеди, е на високо ниво над дозволеното, особено поради бројот на возилата во Амстердам и Ротердам, пренесе Бизнис.ба.

Министерството за здравство предупреди дека моменталното ниво на азот-диоксид и честички во воздухот може да доведат до заболување на респираторните органи и да го скратат животниот век за една година.

Од Градското собрание наведуваат дека планираат сите автомобили кои користат бензин и дизел да го заменат превозот со алтернативни методи, како што се електрични автомобили и оние кои користат водород како гориво.

Во Амстердам од следната година ќе бидат забранети сите дизел возила произведени пред 2005 година.

Треба да знаете
Последни објави