Search

Актери од девет држави на фестивалот за монодрама во Битола

НУ Центар за култура-Битола од 9 до 13 мај ќе биде домаќин и организатор на 21 издание на меѓународниот фестивал за монодрама.

Според фестивалската програма, годинава ќе настапат актери од Велика Британија, Русија, Хрватска, Бугарија, Молдавија, Словачка, Црна Гора, Монголија и три македонски актери.

– Фестивалот ќе почне со претставата „Бакхи-краток преглед на распадот” во изведба на НУ Народен театар-Битола, а ќе заврши со перформансот „Пасија по Биби” во изведна на актерот Петар Милошевски. Во просторот меѓу отворањето и затворањето на фестивалот, публиката ќе може да види прекрасни монодрамски остварувања на актери од повеќе држави во Европа, меѓу кои и македонските актери Бобан Алексоски, Јулијана Мирчевска и Димитрина Мицкоска. Селекцијата на монодрамите во конкуренција ја изврши актерот Петар Мирчевски, информира Маја Андоновска Илијевски, директор на НУ Центар за култура-Битола.

Меѓународното фестивалско жири годинава го предводи Ментор Зумберај, а надвор од официјалната програма во Битола ќе бидат одржани дебати на тема „Монодрамата, од двете страни на сцената” и концерт на групата „Фолтин”, најавија од НУ Центар за култура-Битола.

Треба да знаете
Последни објави