Средба на МНР Димитров со Амбасадорот на САД Марко Антонио Гарсија Бланко

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија,  Никола Димитров денес го примиАмбасадорот на Соединетите Мексикански Држави во Република Северна Македонија, со седиште во Белград, Марко Антонио Гарсија Бланко.

На средбата се разговараше за досегашниот развој на билатералниот политички дијалог и за одличната соработка во мултилатералната сфера. Беа разгледани и можностите и иницијативите за конкретна соработка и за интензивирање на односите во претстојниот период, особено во доменот на економијата и трговската размена, културата, дипломатската едукација, како и во други области од заемен интерес. Беше потврден взаемниот интерес за унапредување на договорната рамка и за либерализација на визниот режим од мексиканската страна кон државјаните на нашата држава.

На средбата, министерот Димитров ги прими патентните писма за именување на Енвер Малики за Почесен конзул на Соединетите Мексикански Држави во Република Северна Македонија.

Треба да знаете
Последни објави