Роналдо не е сопственик на најскапиот автомобил на светот

Застапникот на Кристијано Роналдо, негираше дека Португалецот го има купено најскапиот автомобил на светот.

-Оваа информација не е точна. Роналдо го нема купено автомобилот, изјави претставникот на ѕвездата на Јувентус .

Претходно, повеќето светски медиуми објавија дека Роналдо го купи најскапиот автомобил на планетата, „Bugatti La Voiture Noire“.

Цената на тој автомобил е 11 милиони евра, моќта на моторот е 1.500 коњски сили, а максималната брзина е 420 км/ч.

Треба да знаете
Последни објави