Принс Џексон објави фотографија на братот кој се крие од јавноста

Последниот филм од серијалот „Авенџерс“ ги урива сите рекорди заработувајќи 640 милиони долари на отворањето. Филмот отидоа да го видат синовите на починатиот крал на попот. Принс Џексон (22) објави фотографија на „Инстаграм“ со својот најмлад брат Бланкет (17), кој ретко се појавува во јавноста.

https://www.instagram.com/p/BwyNRDAgcuW/?utm_source=ig_embed

Бланкет го привлече вниманието уште како 9-месечно бебе кога неговиот татко го крена во воздух преку балконот во Берлин и ја уплаши јавноста.

Фотографијата на браќата Џексон ги израдува нивните обожаватели. „Сите го забележуваат само Бланкет“, „О, боже, ти благодарам што ни даде некоја вест за Бланкет, те сакам“, се само некои од коментарите под фотографијата.

Треба да знаете
Последни објави