Обединетите нации се загрижени поради несразмерната пресуда за Џулијан Асанж

Експертите за човекови права на Обединетите нации изразија загриженост во врска со „несразмерната пресуда” од 50 недели затвор за основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, поради кршење на условната слобода.

Асанж е во затворот Белмарш со максимална безбедност „како да е осуден за сериозен кривичен прекршок”, се вели во соопштението на групата на ОН, која прекршувањето на условната слобода го опишува како помал прекршок, објави „Ројтерс“.

Треба да знаете
Последни објави