Британските власти „спијат” во врска со антихристијанското насилство

Британскиот министер за надворешни работи предупреди дека владите во многу делови од светот не успеале да преземат акција за да го забават прогонот на христијаните, пренесува „Брејтбарт“.

Џереми Хант, кој е во официјална посета на Етиопија, изјави дека владите „заспале на стража” додека се ширеа антихристијанските дејства.

Привремените наоди од извештајот на Хант, објавен во петокот, укажуваат дека христијаните се најпрогонувана религиска во светот и дека насилството кон нив се шири.

Ниту еден сириски бегалец донесен во Велика Британија во скоро време не бил христијанин, а статистиката открива дека Министерството за внатрешни работи давало зелено светло само за муслиманските бегалци.

Епископот од Труро, Филип Мунстефен, предупредува дека христијанството може да биде избришано во делови од Блискиот Исток додека луѓето бегаат од прогонот. Тој посочува на драматичен пад на бројот на христијани во Ирак и во другите земји од регионот.

Целосниот извештај треба да се објави летово.

Треба да знаете
Последни објави