Search

Јужна Кореја ги повика САД и Северна Кореја да го продолжат дијалогот за денуклеаризација

Јужна Кореја денеска побара од САД и Северна Кореја да го продолжат дијалогот за денуклеаризација на Корејскиот полуостров, објавија локалните медиуми.

– За да се состанат двете страни и да имаат продуктивни разговори, очигледно е дека е потребна флексибилност за да се постигне договор, рече министерката за надворешни работи на Јужна Кореја, Канг Кјунг-ва на прес-конференција.

Процесот за денуклеаризација на Корејскиот полуостров беше прекинат по неуспешните преговори на Вашингтон со Пјонгјанг во февруари минатата година, кога американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун го напуштија вториот самит без да постигнат конкретен договор.

Треба да знаете
Последни објави