(Фото галерија) Плоштадот Македонија се подготвува за пречекот на папата Франциск

Папата Франциск во вторник доаѓа во посета на Скопје, но подготовките за неговата посета се во полн ек. Шахтите во поширокото централно подрачје се веќе еден месец затворени, снајперисти се поставени на згради во центарот, па сега останува само да се среди делот од плоштадот Македонија каде Франциск ќе одржи литургија.

На плоштадот се поставуваат потребните реквизити, се покриваат недовршените градби, а и автобусите на ЈСП, кои во вторник ќе возат бесплатно, ја рекламираат посетата на папата.

Као изгледа центраот на Скопје може да видите во галеријата на фоторепортерот Слободан Ѓуриќ.

Треба да знаете
Последни објави