Средба на косовскиот државен врв во врска со дијалогот со Србија

Раководителите на државните институции на Косово, претседателот Хашим Тачи и премиерот Рамуш Харадинај, заедно со копретседавачите на државниот тим за преговори со Србија, Фатмир Лимај и Шпенд Ахмети, ќе се сретнат денеска во кабинетот на претседателот на Собранието, Кадри Весели, јави дописникот на МИА од Приштина.

На средбата, закажана за во 10 часот, ќе стане збор за активностите во рамки на Самитот на лидерите на Западен Балкан во Берлин, а во врска со дијалогот меѓу Косово и Србија, соопшти кабинетот на Весели.

Треба да знаете
Последни објави