Скандинавските пилоти го прекинаа штрајкот

„Скандинавиjaн ерлајнс“ (САС) постигна договор за прекинување на штрајкот на пилотите, кој траеше речиси една недела и ги оневозможи летовите на 380.000 патници во скапиот конфликт што ги наруши можностите на скандинавската авиокомпанија да оствари профит оваа година.

Извршниот директор на САС, Рикард Густафсон, рече дека авиокомпанијата и синдикатите се согласија да ја зголемат платата за 3,5 отсто во 2019 година, како дел од новиот тригодишен колективен договор.

Летовите ќе продолжат што е можно поскоро, но најверојатно ќе треба да поминат 24 часа пред сите операции да бидат целосно покренати, рече Густафсон.

Треба да знаете
Последни објави