Европската Унија предупредува против опасна ескалација во Идлиб

Европската Унија предупредува дека интензивирањето на бомбардирањата во Идлиб и северна Хама во Сирија последниве недели може да доведе до опасна ескалација.

Владините сириски сили со помош на Русија ги бомбардираат последните региони во рацете на бунтовничките групи во Идлиб и Хама, а над 130.000 лица се раселени од нивните огништа како последица.

– Неодамнешните напади се случија врз населени зони, домови, медицински установи и резултираа со уште повеќе смрт и повреди за невините цивили, сите страни мораат како прв приоритет да ги заштитат жителите на провинцијата Идлиб и да обезбедат непречен, сигурен и одржлив хуманитарен пристап, се наведува во реакцијата на Европската служба за надворешна акција.

Европската Унија потсетува дека според договорот од Сочи од минатиот септември, сите потписници се заложија да го сочуваат Идлиб како зона на деескалација и дека мора да го почитуваат договореното.

– Воена ескалација во Идлиб ќе ги загрози животите на над три милиони цивили во регионот и ќе донесе дополнителна хуманитарна катастрофа и ризик за дестабилизација на Сирија и регионот, порачуваат од ЕУ.

Треба да знаете
Последни објави