Search

Бенитез: Мораме да си ја вршиме работата против Ливерпул

Менаџерот на Њукасл, Рафаел Бенитез, беше категоричен дека неговиот тим нема да му прави услуги на Ливерпул во својата борба за титулата со Манчестер Сити. „Страчките” се соочуваат со поранешниот тим на Бенитез во утре во претпоследниот круг на Премиер Лигата.

Ливерпул заостанува бод зад Сити, а резултат, освен победа, би значел крај на надежите на „црвените”. Њукасл веќе обезбеди преживување во Премиер Лигата и овој меч за „црно-белите” е само за престиж.

Бенитез го предводеше Ливерпул во периодот 2004-2010 година, а Шпанецот беше на чело, кога тимот од Мерсисајд ја освои Лигата на шампионите и ФА Купот.

– Ние сме професионалци и треба да ја завршиме нашата работа. Мојот однос со градот Ливерпул, клубот и навивачите постои. Во меѓувреме, сепак, се соочив против Ливерпул со Челзи, какои со Њукасл и ние мораме да ја завршиме нашата работа, рече Рафа Бенитез.

Треба да знаете
Последни објави