Повеќе од 300 француски новинари го осудија насилството на полицијата кон „жолтите елеци“

Повеќе од 300 медиумски организации, новинари, фотографи и други потпишаа писмо со кое се осудува понекогаш бруталното насилство што се применува против членовите на движењето „Жолти елеци“ и кон медиумските работници во Франција, пренесува „Франсинфо“.

Во писмото се тврди дека слободата на печатот во Франција страда со години, но влегла во нова фаза по започнувањето на протеститена „жолтите елеци“ лани во ноември.

„Сите овие форми на насилство резултираат со физички (повреди), психички (трауми) или финансиски (искршена или одземени опрема) последици. Нас лично и професионално не деградираат и криминализираат “, пишуваат тие.

Новинарот Давид Дуфресн изброил најмалку 698 случаи на луѓе кои биле нападнати или повредени од полицијата на протестите, вклучувајќи и 85 новинари.

Потписниците, исто така, се пожалија дека полицијата бара прес-легитимации, нешто што не им е секогаш достапно на независни новинари, велејќи:

„Ќе ве потсетиме дека новинарството не е регулирана професија. Прес-легитимацијата не е она што ја оправдува нашата професија. Затоа бараме владата да ги преземе неопходните мерки за агенциите за спроведување на законот да престанат да нѐ малтретираат и да ни дозволат да работиме слободно”, додадоа тие.

Во Тулуз почна истрага откако полицајци биле снимени велејќи дека сакаат да пукаат во насилните демонстранти од „жолтите елеци“.

Прашањето за полициското насилство кон припадниците на „жолтите елеци“ предизвика загриженост кај другите, вклучувајќи ги и медицинските професионалци, кои претходно изјавија дека никогаш не виделе толку многу сериозни повреди за време на протестно движење.

Една 19-годишна девојка била толку тешко повредена од полицијата за време на протестот во Марсеј на 8-ми декември што претходно неделава, по четири месеци поминати по болници, поднесла тужба за обид за убиство против полицајците, велејќи дека била погодена од гумен куршум, а потоа брутално претепана од полицајци во цивил додека лежела на земја.

Треба да знаете
Последни објави