Торес се сели од Јапонија во Мексико

Поранешниот напаѓач на Атлетико Мадрид, Ливерпул, Челзи, Милан, а сега на јапонскиот Саган Тосу – Фернандо Торес, може да се пресели во мексикански Атлетико (Сан Луис) во текот на летото, пренесува „Фудбал Еспања”.

Според медиумите, голема улога во евентуален трансфер може да одигра фактот дека сопственикот на Атлетико има удел во мексиканскиот клуб, каде може да оди Торес.

Во оваа сезона, 35-годишниот Шпанец учествуваше во 8 натпревари за Саган Тосу и се уште не постигнал гол.

Торес се приклучи на јапонскиот тим од Атлетико во јули 2018 година.

Треба да знаете
Последни објави