Како тонот на будилникот влијае на вашето будење?

Дури и кога ќе ја поставите омилената песна за тонот што ве буди наутро, со време неминовно е дека и нејзе малку или повеќе ќе ја замразите.

Огласувањето на тонот на аларм значи само едно, крај на опуштеноста и одморот, и дека пристигнало времето за разделба со топлата и удобна постелнина, и дека почнува нов ден и нова борба. Сето ова ја објаснува поврзаноста со не толку убави чувства спрема нешто што ве буди.

Сега се поставува прашањето дали е можно да се ублажи таквиот утрински стрес на начин што избраната мелодија ќе биде некоја посебно прикладна, а на тоа се обиделе да дадат одговор и некои од истражувачите, иако генерално ова прашање не е премногу истражувано.

Експертот за прашањата со соништата д-р. Мајкл Л. Декер истакнува дека се работи за интересно прашање, и дека сигурно утрото може да почне на попријатен начин, односно будењето може да биде попријатно ако звукот на алармот е пријатен.

Истражувањата покажале дека речиси 60 проценти од луѓето на возраст од 16 до 34 години за будење ги користат своите мобилни телефони, што повторно отвора дополнителни можности. На пример, др. Декер истакнува дека за тонот на будење ја поставил својата омилена песна “Follow That Dream” во изведба на Елвис Присли.

“Тоа е првата работа што ја слушам наутро и ме потсетува дека треба да станам и да се радувам на денот. Открив дека се будам многу позитивен кога тоа го слушам во споредба со сите останати песни и тонови со кои сум експериментирал “, истакнува Декер.

Иако се работи за слабо истражено прашање, тоа што сите вие можете да го увидите на себе и што секако може да се препорача, е за утринска мелодија да ја поставите вашата омилена песна која на вас делува мотивационо и која ви го подобрува расположението, а на овој начин гарантира пријатен почеток на денот.

Треба да знаете
Последни објави