Search

Граѓанската иницијатива #НаМегдан на средба со Пендаровски

Денеска (2 мај 2019) со почеток во 14:50 часот во просториите на кафе барот “Mr. Jack” ќе се одржи јавната средба помеѓу претставници од иницијативата #НаМегдан и претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

Во оваа прилика кандидатот Пендаровски ќе има прилика да одговара на прашања кои ги добивме во изминативе неколку дена на нашите профили на социјалните мрежи од граѓани и активисти кои сеуште имаат повеќе прашања од одговории  се директно поврзани со вредностите и принципите на Шарената Револуција. Како потенцијален Претседател на Република Северна Македонија, од Пендаровски очекуваме директни и недвосмислени одговори. Претставниците на иницијативата #НаМегдан ќе делуваат исклучиво како канал за комуникација помеѓу кандидатот Пендаровски и оние кои ги поставија прашањата и оние кои не поставија прашања но можеби очекуваат одговори.

Истовремено, ве известуваме дека до овој комент, претседателската кандидатка Гордана Сиљановска се’ уште одбива да се сретне со поддржувачите на иницијативата. Но без разлика на тоа, поканата е се’ уште отворена и се надеваме дека кандидатката ќе најде време во својата агенда да одговори на прашањата кои се од интерес за граѓаните чија поддршка ја очекува.

Треба да знаете
Последни објави