Џад Лоу тајно се венча со својата 14 години помлада свршеница

Актерот Џад Лоу (46) се ожени со 14 години помладата девојка Филипа Кун (32) на интимна свадба на 30 април во Лондон. Двојката одлучи да ја избегне холивудската листа на гости, па ги покани само најблиските пријатели и семејството во Градското собрание на Стариот Мерилбоун. Двојката се сврши во февруари по четиригодишна врска, пишува „Дејли мејл“.

Џад носеше кадифен син костум, шапка и тркалезни очила за сонце, а невестата во мини фустан со длабоко деколте, исто така со шапка, и спротивно на традиционалната должина на фустанот, ги покажа нозете. Во раката држеше букет со разнобојни цвеќиња. Двојката пристигна во Градското собрание заедно во ренџ ровер.

https://www.instagram.com/p/Bw9FZjYlxr4/?utm_source=ig_embed

Филипа е психолог со докторат и води сопствена консултантска фирма. Венчавката беше изненадувачка со оглед на претходните шпекулации дека планираат да се венчаат во Франција на пролет, опкружени со холивудски пријатели.

Откако двојката ја најави својата венчавка, странските медиуми објавија дека актерот го замолил својот најстар син да му биде кум.

Раферти Лоу(22), најстариот син на актерот, сподели неколку свадбени фотографии на Инстаграм, пеејќи на покривот на една зграда и пушејќи пура.

Џад и Филипа ја потврдија својата врска во 2015 година, на црвениот килим на фестивалот Хеј. Актерот е татко на пет деца.

Треба да знаете
Последни објави