Пендаровски на сите граѓани и верници од исламска вероисповест им посака лесен и бериќетен пост

Заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски, на сите граѓани и верници од исламска вероисповест им посака лесен и бериќетен пост.

„Почитувани верници со исламска верска определба,

На неколку дена пред почетокот на најсветиот месец за Муслиманите, Месецот Рамазан, месецот на постот,солидарноста и блискоста меѓу луѓето, дозволете ми да ви посакам лесен пост на вас и вашите најблиски.

Нека овој месец биде месец на солидарноста помеѓу нас, месец кога ке си простиме едни со други, месец во кој ке продолжиме да градиме солидарно општество, такво какво и Господ не советува да градиме.

Делете ја вашата добрина со сите околу вас. Имајте лесен пост“.

 

 

Треба да знаете
Последни објави