Три бронзени медали за македонските каратисти на Балканското првенство

На Балканското првенство за сениори, што се одржа минатиот викенд во Чачак, нашите каратисти освоија три бронзени медали, сите во борби.
Бронзени медали освоија Давид Петков во категорија – 67 килограми, Драгана Манговска во – 50 и Ангела Мојсовска во – 68 килограми.
-За разлика од претходните неколку години, ова натпреварување не беше критериумско и се одржа во период на празникот Велигден, па најголем дел од нашите најдобри каратисти во борби и во кати овојпат не настапија на Балканското првенство, соопштуваат од Карате Федерацијата на Македонија.
Треба да знаете
Последни објави