Search

Сиљановска е поддржана од криминалци и воени злосторници, затоа молчи за истрагите против шефот на нејзиниот изборен штаб, Јанушев

Кандидатката на Христијан Мицкоски, Гордана Сиљановска молчи за тоа што шефот на нејзиниот штаб Игор Јанушев е дел од истрага на Специјалното јавно обвинителство наречена „Дизајн“ поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ поврзан со сомнителна јавна набавка на автобуси.

Молчи Сиљановска и за тоа што во време на владеење на неговата ВМРО-ДПМНЕ таткото и сестрата на Јанушев се вработиле во ЦУК, односно МВР.

Сиљановска молчи затоа што и самата е симбол на непотизам и транзициски политичар, бидејќи додека била министерка во првата политичка влада во независноста таа била министерка, а токму тогаш нејзниот сопруг добил бизнис со фри шоп.

Гордана Сиљановска, која ниту еднаш не го осуди насилството од 27 април, е поддржана токму од личности кои се правосилно осудени за терористичко загрозување на уставниот поредок како Игор Југ и Јане Ченто.

Покрај осудени насилници и криминалци, Сиљановска е поддржана и од воени злосторници како Јохан Тарчуловски.

Исто како и Христијан Мицкоски и Гордана Сиљановска е на браникот на насилството, криминалот и злосторствата.

Таа не може повеќе да ја лаже јавноста дека е за право и правда. Граѓаните ја препознаа нејзината нечесност, неискреност и лажно претставување како натпартиски кандидат и затоа загуби во првиот круг од претседателските избори.

На 5 мај Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ ќе доживеат пораз со уште поголема разлика. Граѓаните нема да дозволат неискрени личности поддржани од насилници и злосторници како Сиљановска да застанат на чело на државата.

Граѓаните во вториот круг масовно ќе го поддржат концептот на Стево Пендаровски, идниот претседател на државата.

 

Треба да знаете
Последни објави