Search

(Видео) Ѓорѓиевски од Прилеп: Добиваме поддршка и од граѓани кои претходно гласале за СДСМ

Се поевидентно е пристапувањето на граѓаните не само овде во Прилеп туку и ширум Република Македонија до нас. Граѓаните кои што ни ја дадоа поддршката во првиот круг на претседателските избори, но и оние кои што се колебаа и можеби не излегоа во првиот круг. Но, исто така добиваме поддршка и ни приоѓаат граѓани кои што на изминатите изборни циклуси гласот го дале за СДСМ, но и сите тие како и останатите граѓани во Република Македонија се видно вознемирени и разочарани од штетните и погубни политики од страна на Зоран Заев и неговата Влада, кои што се водат изминатиот период во Република Македонија, порача од Прилеп, Орце Ѓорѓиевски член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во Република Македонија изминатиот период практично имаме уништено здравство, имаме колапс буквално во секоја сфера од општественото владеење, имаме пораст на криминалот, имаме колапс во земјоделието, и да не набројувам понатаму, значи граѓаните се видно револтирани и видно разочарани од ова што се случува, имаме тргување и продавање со националните интереси и сметаме дека со заокружување на професорката Сиљановска како победник на овие претседателски избори практично истата Гордана Сиљановска Давкова ќе биде предвесник за промените и правдата која што ќе следи во Република Македонија.

Овие претседателски избори треба како никогаш досега да се поддржани од сите граѓани на Република Македонија, затоа што истите ќе бидат предвесник за новите предвремени парламентарни избори кои што де факто по состојбата на терен и расположението кај граѓаните е се поевидентно дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги добие, ќе ја формира новата Влада и нов премиер во Република Македонија ќе биде господинот Христијан Мицкоски.

Само на тој начин Македонија ќе се ослободи од злото кое што се вика Зоран Заев. Злото во Република Македонија има име и презиме тоа е Зоран Заев и она што практично беше пракса во минатото да се случува во Струмица, онаа афера која што целата македонска јавност ја знае поврзана со евро за црквата и евро за Вицето, сега стана пракса во Република Македонија.

Време е да ги донесеме промените во Република Македонија и време е да го сопреме лудилото кое што моментално владее во Република Македонија.

Треба да знаете
Последни објави