Search

Штрајкуваат скандинавските пилоти, откажани над 1.200 летови

Авиокомпанијата „Скандинавиан Ерлејнс-САС“ објави дека се откажани 1.213 летови во понеделник и вторник, што ќе погоди дополнително 110.000 патници, бидејќи продолжува штрајкот на пилотите кои не се задоволни со работните услови.

Вкупно околу 280.000 патнинци од петокот се погодени од прекинот на преговорите помеѓу партнетите. Во понеделник ќе бидат откажани 667 летови, a во вторник 546, наведе компанијата преку соопштение.

Со штрајкот на над 1.400 пилоти во Шведска, Данска и Норвешка зафатени се голем дел од домашните летови, но и од европските и меѓуконтиненталните, јави САС.

Треба да знаете
Последни објави