Search

Само реми на Јунајтед на „Олд трафорд“ против Челзи

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед и Челзи одиграа 1:1 на „Олд Трфодр“ во дербито на 36. коло од англиската Премиер лига. Домаќините со освоениот бод ги намалија шансите за плсман меќу првите четири места кои водат во Лигата на шампионите.

По серијата порази во изминатите натпревари,  „Црвените ѓаволи“ одлично влегоа во натпреварот па во 11 минути поведоа со голот на Хуан Мата. Челзи по примениот погодок заигра нешто поактивно, а за изедначувањето најзаслужен беше домашниот голман,  Давид Де Геа.

Во 43. минута Шпанецот не успеа да го скроти слабиот удар на Ридигер од преку 25 метри, па одбиената топка во мрежата ја уфрли Маркос Алонсо.

Пред финишот на мечот, Јунајтед можеше да дојде до победа, но Педро спаси од самата гол-линија и спречи вторпат да се стресе мрежата на „сините“ од Лондон.

Челзи е четвртопласиран со 68 бода, пред Арсенал со 66 бода, додека Јунајтед е на шестата позиција со 65 бода. Последните две кола ќе го дадат патникот во најквалитетното европско фудбалско натпреварување, последен од англиската Премиер лига според табелата оваа сезона. Можно е Англија да има и пет претставника во ЛШ, но само ако Челзи или Арсенал ја освојат Лига Европа.

 

Треба да знаете
Последни објави