Search

„Одмазници: Завршница“ прв филм во историјата со заработка од милијарда долари првиот викенд од прикажувањето

Филмот „Одмаздници: Завршница“ стана првиот филм кој заработил милијарда долари во првиот викенд од прикажувањето. Според податоците на „Марвел“, четвртото и последно продолжение од „Одмаздниците“ заработи 1,2 милијарди на глобално ниво или над 350 милиони долари во Северна Америка.

На тој начин ги урна рекордите што ги држеше неговиот претходник „Одмазници: Војна на бесконечноста“ (640,5 милиони/257,7 милиони ). Филмот почна да се прикажува во средата, прво во Кина и Австралија, па му требаа само пет дена за да ја надмине границата од една милијарда долари. Рекордна заработка има и во Кина-335 милиони долари.

Новиот блокбастер на „Марвел“ со тоа ги надмина и сопствените огромни очекувања, кои се движеа до 300 милиони долари во домашните кина. За да се задоволи големата побарувачка, филмот во исто време почна да се прикажува во најмногу киносали во САД досега.

Франшиззата на „Марвел“ започна во 2008 година со „Ајрон мен“, а „Завршница“ е 22-иот филм од серијалот.

Треба да знаете
Последни објави